Дома Останати Тенис Борис Бекер до Ѓоковиќ: Сам си застануваш на патот, вакцинирај се!

Борис Бекер до Ѓоковиќ: Сам си застануваш на патот, вакцинирај се!

Новак Ѓоковиќ овие денови е главна тема во медиумите поради неговата ситуација во Австралија.

Поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер истакна дека Новак му е како член на неговото семејство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Долго го знам, работевме со години, блиски сме. Во овој момент јасно е дека прави голема грешка. Самиот себе си застанува на патот да стане најдобар тенисер во историјата“, смета Бекер.

Бекер му порачува да се вакцинира, иако не верува дека ќе го послуша.

„Не можев разговарам со него, но мојата порака е да се вакцинира. Сепак, не верувам дека ќе ме послуша. Тој има силна желба, но може да се случи да се погледне зад себе за една деценија и да сфати дека направил голема грешка. Не е во прашање само Мелбурн. Ова е новата реалност, живееме во поинаков свет и тешко можам да замислам како професионален тенисер може да функционира и да шета низ светот, а да не е вакциниран“, изјави Бекер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја задржа третата позиција на денес објавената АТП листа. Ѓ…