Maкедонскиот прволигаш ФК Борец ги стартуваше летните подготовки за новата сезона.
Тренерот Борче Христов денес го одржа првиот тренинг на кој присуствуваа и новите засилувања. Нови имиња во Борец за новата сезона Енсар Љума, Ристе Каракамишев, Александар Ѓоргѓиески, Стефан Киковски и Кристијан Николов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од клубот потенцирааи дека се работи на доведување на уште некои имиња, а продолжени се договорите на Кристијан Ефтимов, Лука Трајкоски, Филип Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Азер Омерагиќ, Филип Ристовски, Трајче Трајков.