Репрезентативната пауза не донесе добри вести за Леонардо Бонучи и Јувентус.
Имено, Фудбалскиот сојуз на Италија вчера соопшти дека четири члена на стручниот штаб и еден фудбалер се позитивни на коронавирусот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Јувентус денеска се огласи и потврди дека е заразен Леонардо Бонучи и дека ќе биде надвор од теренот најмалку десет дена.
„Бонучи се врати во клубот после настапот за репрезентацијата и утрово тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот. Тој веќе се наоѓа во домашна изолација.“ – соопштија од Јувентус.
Андреа Пирло е во проблем што се однесува на стоперската позиција за дербито против Торино, бидејќи поради коронавирус отпадна и Демирал.