Дома Трансфер зона Бонучи доби понуда од гигантот од Англија која тешко може да ја одбие

Бонучи доби понуда од гигантот од Англија која тешко може да ја одбие

Леонардо Бонучи би можел по само една сезона да го напушти Милан.

Иако Росонерите минатото лето на големиот ривал Јувентус го платија 42 милиони евра, денешното издание на „Tuttosport“ тврди дека 31-годишниот стопер добил нова понуда која тешко ќе може да ја одбие.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


За неговите услуги заинтересиран е Манчестер Јунајтед. Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо искусниот Италијанец го гледа како идеално засилување во дефанзивната линија. Сигурно дека понудата од „Олд Трафорд“ ќе биде многу поголема од 42 милиони евра, доколку сакаат да го ангажираат Бонучи бидејќи Росонерите ќе сакаат да профитираат.

Претходно искусниот дефанзивец се поврзуваше со Челзи и Реал Мадрид, но тој не сакаше да ја напушти Италја поради болеста на најмладиот син. Сепак, по закрепнувањето сега Премиер лигата повторно е опција, а понуда од Манчестер Јунајтед тешко се одбива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…