Ни пристигнува навистина бомбастична вест.
Изгледа апсолутно неверојатно, но некои извори тврдат дека Романија, Србија, Грција и Бугарија се заинтересиран за заедничко организирање на Мундијалот во 2030 година!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На прв поглед изгледа навистина неверојатно, најмногу поради инфраструктурата и стадионите во овие земји. Русија последниот Мундијал го играше на 12 стадиони, а скоро сите беа изградени или реновирани за потребите на Мундијалот.
Доколку информацијата за кандидатурата на „балканскиот квартет“ е точна тоа значи дека наведените четири земји мораат да имаат по најмалку три стадиони кои ги исполнуваат строгите критериуми на ФИФА.
Освен стадионите има уште многу работи кои треба да се исполнат, поради тоа оваа вест изгледа навистина нереално.
Следното Светско првенство ќе се игра во Катар во 2022 година, потоа следи Мундијал во САД, Мексико и Канада 2026 година, а после Светското првенство во Катар ќе знаеме каде ќе се одигра Мундијалот во 2030 година.
Доколку Србија, Романија, Грција и Бугарија навистина сакаат да организираат Мундијал сериозни потези би требало да бидат повлечени веќе во наредните две години.
BREAKING: Romania, Greece, Bulgaria and Serbia want to organize the World Cup in 2030 together, according to political sources.
— Emanuel Roşu (@Emishor) November 2, 2018