Црвена Звезда оствари историски успех со пласманот во Лигата на шампиони, па сака значително да го засили тимот.
Раководството на српскиот тим најави дека е во потрага по нов напаѓач, а каталонските медиуми откриваат дека Црвена Звезда почнала преговори со Стоук за Бојан Кркиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кркиќ има уште две години од договорот со англискиот тим, но Стоук нема да смета на него за оваа сезона. Како проблем би можело да претставува тоа што Кркиќ има висока плата, но Стоук е спремен да го пушти на позајмица напаѓачот и да покрива дел од неговата плата.
Кркиќ е продукт на школата на Барселона, каде дебитираше за првиот тим на 17 години. Потоа „шеташе“ по многу европски клубови, но секако дека ќе биде огромно засилување за српскиот тим.