Дома Топ вести Реал спреми 350 милиони за Нејмар, целиот трансфер ќе чини 800 милиони!

Реал спреми 350 милиони за Нејмар, целиот трансфер ќе чини 800 милиони!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид нема да жали пари за да го донесе Нејмар на „Сантиаго Бернабеу“ ова лето.

Пред мадридскиот клуб се големи промени. Година без трофеј сосема сигурно ќе значи голем влог наредното лето, а Нејмар е примарна желба на претседателот Флорентино Перез.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Марка“ ексклузивно пренесува дека „кралевите“ спремиле 350 милиони евра за потписот на Бразилецот. Нејмар и моментално е најскапиот фудбалер на светот, но со неговиот трансфер во Реал актуелниот рекорд ќе биде „дебело“ надминат.

Реал Мадрид веќе стапил во контакт со неговите агенти и е спремен да му понуди неверојатна плата од 45 милиони евра по сезона.

Тоа значи дека трансферот на Нејмар ќе го чини Реал Мадрид точно 800 милиони евра со вклучените данови кои „кралевите“ ќе треба да ги платат.

Француските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да го пушти Бразилецот за оваа сума, бидејќи не е задоволен од неговиот придонес во овие две сезони. „Светците“ повторно доживеаа рана елиминација во Лигата на шампиони е спремни да прават реконструкција на тимот.

Сепак, пред се Реал мора да го реши прашањето со новиот тренер. Она што е сигурно е дека Солари нема да остане на клупата, а се споменува и заминување на неколку фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…