Шпанската спортска телевизија „El Chiringuito“, која прва го објави трансферот на Роналдо во Јувентус, сега лансираше нова „бомба“ и тврди дека иднината на Килијан Мбапе е неизвесна.
Медиумот, кој во Шпанија важи за добро информиран, тврди дека ПСЖ има проблем да го откупи Мбапе од Монако. Според договорот „светците“ треба да платат 180 милиони евра откуп до 27-ми август.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, ПСЖ има проблем со Финансискиот фер-плеј од УЕФА и се обидува да се договори со Монако и да ја одолговлече продажбата.
Целата ситуација внимателно ја следи Реал Мадрид, кој е силно заинтересиран за најдобриот млад фудбалер во светот.
ПСЖ има 5 дена (до 27 август) да ја реши целата ситуација, во спротивно на сцена ќе стапи Флорентино Перез, кој е спремен да плати 250 милиони евра за 19-годишниот Французин.
Che ??? dalla Spagna! A lanciarla è El Chiringuito: attenzione a #Mbappé–#PSG e la data del 27 agosto… ?https://t.co/iMa2dYF5FB
— calciomercato.it (@calciomercatoit) August 22, 2018