„Газета дело Спорт“ со денешното издание лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Јувентус тргнува по младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума.
20-годишниот Донарума игра уште една одлична сезона и е една од ретките светли точки кај „росонерите“, а веќе е прв големан на италијанската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе работи на неговиот трансфер и имал неколку средби со Мино Раиола.
„Бјанконерите“ му понудиле нов договор на Шчешни, но Полјакот бара плата од 7 милиони евра по сезона, па раководството на „старата дама“ одлучило на лето да се разделат.
Најголема желба на Јувентус е секако Донарума кој важи за иднина на италијанската репрезентација и иако е млад веќе има големо искуство и скоро 200 меча за Милан.
Сепак, тешко ќе биде да се убеди Џиџо да премине во големиот ривал бидејќи е многу поврзан со Милан,а неговиот договор со „росонерите“ истекува во 2021 година.