Дома Топ вести „Бомба“: Милан тргнува по Инсиње

„Бомба“: Милан тргнува по Инсиње

Италијанските медиуми пренесуваат дека Лоренцо Инсиње би можел ова лето да направи шокантен трансфер од Наполи во Милан.

Инсиње одигра одлична сезона и игра добро на Европското првенство, но преговорите за продолжување на соработката со Наполи не одат во добра насока.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој влезе во последната година од договорот, па Наполи е спремен да го продаде ова лето за да не го загуби без обештетување.

Целата ситуација сака да ја искористи Милан бидејќи Малдини е голем симаптизер на играта на Инсиње.

„Спортмедиасет“ пренесува дека „росонерите“ можат да го донесат Инсиње за 20-25 милиони евра и во моментов му нудат за еден милион поголема плата од тоа што му нуди Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…