Дома Фудбал Останато Бомба: Гатузо е нов тренер на Хајдук

Бомба: Гатузо е нов тренер на Хајдук

Челниците на Хајдук Сплит успеаа да го ангажираат Џенаро Гатузо и денес го промовираа за нов тренер на тимот.

„Хајдук со посебно задоволство може да потврди дека нашиот прв тим во новата сезона ќе го води легендарниот Џенаро Гатузо! Тој потпиша договор до летото 2026 година, а во Сплит пристигнува наредната недела, на почетокот за подготовките на првиот тим, кога и официјално ќе го презентираме“, стои во соопштението на Хајдук.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хајдук  се обдуваше да го ангажира Иван Јуриќ, но на крајот успеа да постигне договор со италијанската легенда, кој во минатото седеше на кормилото на Милан, Наполи, Валенсија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рајковиќ го „полуде“ Роналдо, а потоа се сврте кон навивачите на Ал Наср и предизвика хаос (Видео)

Вчеравечер се одигра четвртфиналниот натпревар од Кралскиот куп на Саудиска Арабија помеѓу…