Eден од почетните трансфери во ПМФЛ сигурно ќе биде и меѓу најголемите – Бесарт Ибраими потпиша за Струга Трим Лум.
Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ се враќа во македонскиот фудбал. Струга со специјално видео го потврди доаѓањето на Ибраими од кој ќе се очекуваат многу голови во иднината сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Својата богата кариера Ибраими ја започна во Велазерими од Кичево во 2005, потоа настапуваше за Напредок, Ренова и Шкендија. Во странство беше дел од Шалке 04, Севастопол, Таварија, Металург Запорожје, Енозис, Ермис и Ксанти.