Дома Фудбал Италија Болоња објави соопштение од болницата за состојбата на Михајловиќ

Болоња објави соопштение од болницата за состојбата на Михајловиќ

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ пред неколку дена излезе од болницата во која се лекуваше и се наоѓа во одлична состојба.

Михајловиќ излезе од болницата во Болоња каде што го заврши првиот циклус од борбата со леукемијата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Болоња денес објави и официјално соопштение од болницата во која се лекуваше спрскиот стратег. Во соопштението се тврди дека коскената срж било успешно трансплатирана и Михајловиќ се наоѓа во одлична состојба.

„На 22 ноември 2019 година Михајловиќ доби дозвола да го напушти Институтот за хематологија откако му беше извршена успешна трансплатација на коскена срж од непознат донор на 29 октомври 2019 година. Пациентот се наоѓа во одлична состојба“, стои во објавеното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Детал од соблекувалната на ПСЖ покажа зошто Луис Енрике моментално е најдобриот тренер во светот

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше откриено…