Дома Фудбал Италија Бобан спрема непријатно изненадување за Милан

Бобан спрема непријатно изненадување за Милан

Бившиот директор на Милан, Звонимир Бобан има намера да го тужи клубот за неоправдан отказ, соопштува „Тутоспорт“.

Бобан доби отказ од директорското место поради конфликт со генералниот директор на Милан, Иван Газидис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Хрватот јавно го критикуваше Газидис во интервју за „Газета дело Спорт“ и го обвини дека му работи зад грб. Имено, Бобан тврдеше дека Газидис без негово знаење почнал преговори со тренерот Ралф Рангник.

„Не сметам дека се наоѓаме во Северна Кореја, секој е слободен да си го каже своето мислење“, изјави тогаш Бобан.

Сега „Тутоспорт“ тврди дека Бобан наскоро ќе испрати тужба и ќе се види на суд со раководството на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…