Во рамки на првата лига, актуелниот шампион МЗТ Скопје загуби од новиот прволигаш Блакотехна со 85:77.
Гостите во текот на целиот меч го оддржуваа водството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата четвртина гостите ја добија со 23:13. Веќе на полувреме предноста се намали, за резултат на паузата од 46:33. Во второто полувреме, резултатот беше 21:24 и 18:20.
На дуелот најпрецизен беше Мијатовиќ кај гостите со постигнати 21 поен, додека кај МЗТ тоа беше Симоновски со постигнати 19 поени.
Во останатите дуели, Работнички убедливо славеше против Пелистер со 105:49, Гостивар триумфираше против Шкупи 74:78, Охрид – Кожув 76:74, Карпошани загубија кај Фени на гости со 103:109, а Куманото на гостински терен беше поуспешен од Струмица со 66:90.