Војната во Украина погоди голем број спортисти, а еден од нив е украинскиот голман Виктор Горбах кој во минатото помина две сезони на голот на РК Пелистер, а претходно беше дел и од Младост.
Горбах во Пелистер пристигна во 2001 година и соработуваше со Зоран Атанасовски кој денес е во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 како кондициски тренер, истата функција ја имаше и во Пелистер при соработката со Украинецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атанасовски и по заминувањето на Горбах остана во близок однос со Горбах кој неколку пати и ја посетуваше Битола со неговата сопруга со цел да се види со старите пријатели. Во овие тешки моменти Горбах добил покана од Атанасовски и Миле Крстевски, кој е поранешен член на управата на РК Пелистер да биде нивни гостин додека трае војната.
Сепак желбата на Горбах да ја брани татковината била поголема и останал во Киев.
“Виктор остави многу добар впечаток кај нас во Битола и Пелистер, не можевме да не се обидеме да не му помогнеме на таков човек“, изјави Крстевски за нашиот портал.