Францускиот десен бек Бенџамин Павар беше најголемо откритие на Светското првенство и моментално е најбараниот фудбалер на трансфер пазарот.
Дефанзивецот на Штутгарт го привлече вниманието после одличните партии на Мундијалот во Русија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен се обиде уште ова лето да го осигура неговиот потпис, но Штутгарт не сакаше да го пушти Павар. Сепак, наредното лето кога ќе се активира неговата откупна клаузула конкуренцијата ќе биде жестока.
Павар во својот договор со Штутгат има клаузула според која ќе може да си замине следното лето за 35 милиони евра, а покрај Баерн интерес за дефанзивецот покажуваат Барселона и Манчестер Сити.
Овие клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот, бидејќи се спремни да ја платат сумата од 35 милиони евра.
22-годишниот Павар во моментов е прв избор на десната бековска позиција во француската репрезентација, но може да игра и на позицијата стопер.