Роберт Левандовски се придружи на Баерн Минхен на почетокот на припремите за новата сезона.
Веќе е добро позната желбата на Левандовски да го напушти Баерн и да се пресели во Барселона. Токму затоа полскиот голгетер во Минхен се врати сам, додека неговата сопруга и ќерка останаа надвор од германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Левандовски иако сака да замине сакаше и професионално да си ги одработи обврските кон Баерн. Меѓутоа целата ситуација со него не влијае добро на соблекувалната.
„Билд“ денес пишува дека Левандовски воопшто немал намера да ги бојкотира припремите. Но се наведува и дека неговото доаѓање предизвикало конфузија во соблекувалната на Баерн. Тренерот Јулијан Нагелсман и играчите на Баерн се свесни дека ситуацијата е напната и дека неговото заминјување е неизбежно.
Поради сетоа никој не знаел како да се однесува кон Левандовски. Последните информации говорат дека трансферот на Левандовски во Баерн би можел да биде потврден во наредните неколку денови.