Дома Фудбал Репрезентации Бизарно: Не играше за Ирска затоа што бил 10 сантимери поблиску до заразен со Ковид-19

Бизарно: Не играше за Ирска затоа што бил 10 сантимери поблиску до заразен со Ковид-19

Во светот се уште трае и веројатно ќе потрае уште подолго време пандемијата со коронавирусот, натпревари се играат, меѓутоа без или со мал број на гледачи. Поради коронавирусот се случуваат и некои бизарни ситуации.

Дел од една таква бизарна ситуација е Арон Коноли, репрезентативецот на Ирска. Коноли не играше во бараж натпреварот за неговата селекција против Словачка, а причината за неиграњето е навистина бизарна.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Напаѓачот кој го носи дресот на Брајтон покрај тоа што не играше на оваа средба нема да игра ниту на преостанатите две средби на Ирска од новото издание на Лигата на Нации. Причината поради која нема да игра е што седел 10 сантиметри поблиску до заразен со коронавирус од пропишаната дистанца.

Имено, Коноли бил 10 сантимери поблиску од пропишаната дистанца од два метри до член од стручниот штаб кој бил заразен. Сега тој ќе мора да оди во изолација, а во сличен проблем се нашол и фудбалерот на Норвич Адам Идах кој бил 30 сантимери поблиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лапорта зборуваше за големите планови на Барселона за иднината и го спомена Халанд

Барселона по долго време повторно ги освои сите домашни трофеи. Претседателот Жоан Лапорта…