Лионел Меси денес ја имаше првата прес-конференција како фудбалер на ПСЖ.
Откако не го продолжи договорот со Барселона поради финансиската криза го избра ПСЖ за нова дестинација. На прес-конференција Аргентинецот доби и прашање дали би сакал да игра против Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Работите се случуваа многу брзо. Не можам да заборавам што поминав о Барселона, но со нетрпение ги чекам новите предизвици во Париз. Секогаш ќе бидам благодарен на навивачите на Барселона затоа што тој клуб е мојот дом. Би сакал да играм против Барселона, но со навивачи. Убаво ќе биде тоа што би се вратил, но ќе биде чудно да играш „дома“ на „Камп Ноу“, но во друг дрес“, истакна Меси.
Со ПСЖ Меси потпиша договор до 2023 година.