Дома Фудбал Англија Би биле успешни и во атлетиката, ова се најбрзите фудбалери во Премиер лигата

Би биле успешни и во атлетиката, ова се најбрзите фудбалери во Премиер лигата

Во англиската Премиер лига има неколку фудбалери кои сигурно би можеле да се занимаваат и со атлетика.

Според истражувањето во Англија откриено е дека најбрзиот фудбалер во лигата е Лерој Сане. Ѕвездата на Манчестер Сити има брзина од 35.58 km/h.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веднаш зад него се наоѓа играчот на Кристал Палас, Ван Анхолт (35.42 km/h).

На третото место се наоѓа Муса Сисоко со брзина од 35.33 km/h. Интересно е што дефанзивецот на Челзи Антонио Рудигер се наоѓа на четвртата позиција со 35.19 km/h, па потоа Вилверд Заха со 35.14 km/h.

Во топ 10 најбрзи фудбалери во Премиер лигата се наоѓаат уште Оливер Брук (ВБА – 35.13 km/h), Кико Фемени (Вотфорд, 35.12 km/h), Лоран Кошчиелни (Арсенал, 35.11km/h) и Џејми Варди (35.09 km/h).

Многумина сигурно ќе ја сметаат оваа листа нерелевантна бидејќи недостасуваат имиња како Тео Волкот, Рахим Стерлинг, Вилијан, Хектор Белерин…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вирц искрено: Откри зошто го избрал Ливерпул пред сите други

Ливерпул летово го отвори својот буџет и го ангажираше еден од најбараните фудбалери на де…