Во последен момент поради повредата на Стефан Ристовски дополнително во националниот тим беше повикан Егзон Бејтулаи за кого ова е кам-бек после подолго време.
Бејутлаи истакна дека секогаш за него е чест кога ќе добие повик, а за периодот во кој не добивал повици бил сконцентриран на настапите за Шкендија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За секој играч е чест кога ќе се добие повик од репрезентацијата. Тоа значи препознавање на добрата работа во вашиот клуб. За времето во кое не добивав повици бев смирен и сконцентриран на тренинзите и натпреварите за Шкендија. Времето покажа дека работите доаѓаат на своето место“, изјави дефанзивецот.
Македонската репрезентација денес патува за Грузија каде што во петок ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите од Лигата на Нации. Во понеделник (26. септември) не чека натпреварот дома против Бугарија.