Дома Фудбал Останато Беше киднапиран и држен 25 дена само за Барселона да не ја освои титулата: Со Квини замина и една од најголемите тајни во фудбалот

Беше киднапиран и држен 25 дена само за Барселона да не ја освои титулата: Со Квини замина и една од најголемите тајни во фудбалот

Иако едно од најмрачните случувања во светскиот фудбал се случи далечната 1981 година неодамна починатиот напаѓач на Барса никогаш не откри зошто не ги тужел киднаперите.

Смртта на Енрике Кастро Квини, легендарниот напаѓач на Барселона ја потресе Шпанија. Квини беше пронајден на улица.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Барселона, а интересно е што пред скоро четири децении беше киднапиран за каталонскиот клуб да не стигне до титулата шампион на Шпанија.

Во Барселона пристигна во 1980 година како голем голгетер. Во дресот на Спортинг Хихон дури три пати беше најдобар стрелец на Шпанија. Сезоната на „Ноу Камп“ ја започна одлично, но 1 март 1981 година е денот кој го промени неговиот живот засекогаш. Барса прегази Херкулес со 6:0, а Квини беше стрелец на два погодоци на тој натпревар.

По натпреварот Квини заминал во својот дом, а подоцна требало да ја пречека неговата сопруга која се враќала од одмор. Меѓутоа две непознати лица влегле во неговиот дом и под закана со пиштол го киднапирале.

Неговата сопруга се загрижила кога Квини го немало на аеродромот, а се и било јасно кога пристигнала во својот дом, а Квини го немало. Повикала полиција, Квини еден ден подоцна беше прогласен за исчезнат.

Нешто подоцна тој ден се јавиле членови на милитарната група Батаљон – Каталонија – Еспаљол. Група која не сакаше Барселона да биде шампион на „сепаратистичка“ лига.

Киднапирањето се случило на само една недела пред големото дерби со Атлетико кој имаше два бода повеќе. На Барса и беше потребна победа, но како без Квини?

Идејата на киднаперите биле Квини да не игра против Атлетико, како и во комплетениот месец март. Останатите фудбалери биле во шок. Наместо да се припремаат за натпреварот на сезоната целиот тим бил загрижен за семејството на Квини.

Барселона го изгуби тој натпревар и работите започнаа да стануваат комплицирани. Освоија само еден бод на последните пет натпревари и титулата беше изгубена. Киднаперите тогаш го побарале соиграчот на Квини, Хозе Рамон Алексанко и барале да им се исплати сума од половина милион евра на смета во Швајцарија.

Виктор Мануел Дијаз Естебан, по професија механичар беше првиот кој е уапсен поради киднапирањето на Квини. Тоа се случило на 25 март кога полицијата го уапсила во Женева при обидот да ги подигне парите.

Брзо им открил каде се држи напаѓачот на Барселона и кои се неговите соочесници. Полицијата неколку часови подоцна влегла во гаражата каде бил држен Квини и конечно напаѓачот беше слободен.

Звучи неверојатно, но Квини не сакаше да ги тужи киднаперите кои секако завршија зад решетки. Не сакаше дури ниту да добие сегашни 30.000 евра поради претрпен стрес! Зошто? Остана мистерија и денес…

Се уште е неверојатно што Квини брзо се врати на теренот. Беше пречекан со громогласни овации секаде каде што играше. И помогна на Барса да го освои купот, а исто така беше и најдобар стрелец во лигата.

Една година подоцна го постигна победничкиот гол во финалето на Купот на куповите, а беше член и на репрезентацијата на Шпанија на Мундијалот во 1984 година, подоцна се врати во Хихон и одигра уште три сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Европските гиганти го следат Гринвуд

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд игра одлично во Франција каде шт…