Дома Фудбал Италија Беше „закован“ на клупата, сега заигра за Милан и доби критики од Гатузо

Беше „закован“ на клупата, сега заигра за Милан и доби критики од Гатузо

Конечно и Ален Халиловиќ ги дочека своите „пет минути“ во во Милано откако ова лето пристигна во клубот.

Халиловиќ во вчерашниот натпревар против Дуделаж од Луксмебург за прв пат доби прилика да биде стартер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Росонерите“ славеа со убедливи 5:2, но не беше така лесно за гигантот од Милано затоа што во второто полувреме имаа негатива од 2:1.

Сепак, Халиловиќ баш и не го импресионираше Гатузо.

„Лесен натпревар нема. Дунделаж знаеше да ја држи топката, знаев дека ќе се мачиме. Некои играчи како Халиловиќ, премногу ја задржуваа топката“.

Потоа го прокоментира и настапот на Игуаин.

„Мислам дека имаше болки во грбот. Не ми кажа ништо, но имав такво чуство. Тој живее за голови и игра за голови“, заврши Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лудо: Девојка го ограбила легендардниот Давидс за 220.000 евра, дознал неколку години подоцна!

Познатиот холандски фудбалер Едгар Давидс (52) преживеал неочекуван инцидент кога неговата…