Се очекува набрзо Реал Мадрид да го објави трансферот на левиот бек на Лион, Ферланд Менди.
Францускиот репрезентативец во краток временски период ќе биде второто засилување за „кралевите“ после Лука Јовиќ..
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што објавуваат медимите во Шпанија во секој момент се очекува потврда за овој трансфер.
Менди за еден француски портал зборуваше за неговото минато кое не било лесно.
„Имав артитис на половината кога имав само 14 или 15 години. Искрено никогаш не посмислив да се откажам, дури и тогаш: Си кажав самиот на себе: Невозможно е да не одам повторно, нема шанси да не играм фудбал. Три месеци бев во болница на вежби. Тогаш отидов на долготрајна рехабилитација. Долго не одев, бев во инвалидска количка, но малку по малку започнав да одам. Чекор по чекор ме учеа да одам…“, раскажа Менди.
Тоа не било едноставно за младо момче кое сонува за голема кариера.
„Во тие години си безгрижен и не сфаќав толку многу. Едноставно сакав да станам професионален фудбалер но си зборував: Зошто баш мене тоа да ми се случи?“, порача Менди.
Навистина една чудна животна приказна како што многу пати знае фудбалот да испише…
https://www.youtube.com/watch?v=_e4_FEeVwhk