Шпанскиот стратег би можел да го промени клубот во Премиер лигата и тоа веќе оваа сезона.
Рафа Бенитез оваа сезона експресно го врати Њукасл во елитниот ранг, а и по враќањето овој клуб солидно се снаоѓа во најсилната англиска конкуренција, но познато е дека овој стратег не е во добри односи со управата на овој клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега во англиските медиуми се поајви приказна дека би можел да ја промени средината и да се пресели во друг клуб од Премиер лигата. Наводно, токму тој би можел да биде наследникот на Роналд Куман во Евертон, пренесува „The Sun“.
Холанѓанецот е под притисок на управата на клуобот од „Гудисон“ кој потроши многу пари ова лето, но „карамелите“ сеуште не ги постигнуваат очекуваните резултати.
Сега откако Бенитез се поврзува со неговата позиција ќе биде веројатно под уште поголем притисок, а нема сомневање дека Евертон би била примамлива опција и за шпанскиот стратег.