Дома Фудбал Останато Бензема доби „корпа“ од Алжир

Бензема доби „корпа“ од Алжир

Карим Бензема се закани на француската репрезентација и побара да добие дозвола да заигра за алжирската репрезентација.

Напаѓачот на Реал Мадрид изјави дека е подготвен да се докаже во дресот на нова репрезентација, бидејќи веќе не го сакаат во Франција. Бидејќи е со алжирско потекло, тој може да се обиде да добие право да го носи дресот само на северноафриканската репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, селекторот Џамел Белмади јавно ја отфрли таквата можност и изјави дека нема потреба од Бензема.

„Задоволен сум од играчите што ги имам. Ги имам Багдад Бундеја, Ислам Слимани, Енди Делор и Хилал Судани“, изјави селекторот на Алжир.

Напаѓачот не добил повик за „петлите“ од 2015 година, кога беше под истрага за уцена на неговиот соиграч Матју Валбуена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве како е казнет навивачот кој фрли банана кон Винисиус

Навивачот кој фрли банана на Винисиус Јуниор за време на натпреварот во Купот на кралот по…