Дома Трансфер зона Бен Једер: Барса ме сака уште од минатото лето

Бен Једер: Барса ме сака уште од минатото лето

Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер откри дека е на радарот на Барселона уште од минатото лето.

Бен Једер исто така откри дека бил блиску до трансфер на Камп Ноу во јануари, па не исклучува трансферот да се реализира во иднина.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Французинот имаше одлична сезона во Севиља каде минатата година постигна 18 гола и 9 асистенции, а потоа направи трансфер во Монако за 40 милиони евра.

„Минатото лето Барса неколку пати побара информации за мене. Трансферот беше многу блиску до реализација оваа зима, но не се случи. Можеби така требало да се развиваат работите. Сконцентриран сум на настапите за Монако, но среќен сум поради интересот на Барселона“, изјави Бен Једер.

Бен Једер и оваа сезона игра одлично и до сега има постигнато 18 гола, исто колку ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…