Дома Фудбал Франција Шок во Франција: Француски репрезентативец повторно обвинет за силување!

Шок во Франција: Француски репрезентативец повторно обвинет за силување!

Францускиот фудбалер Висам Бен Једер (34) бил уапсен во текот на викендот и ќе се соочи со обвинение за „сексуален напад додека бил под дејство на алкохол“, потврдија судски извори за Асошиетед прес.

Обвинителот на Ница, Демиен Мартинели, изјави дека обвинителството поднело жалба против одлуката да не се притвори Бен Једер, откако тој беше ослободен по неговото апсење.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Л’Eкип“ објави дека Бен Једер бил уапсен откако девојка родена во 2001 година поднела пријава за сексуален напад, кој наводно се случил во петокот вечерта во автомобилот на Једер.

Во друг случај, Бен Једер беше обвинет минатата година за „обид за силување и сексуален напад“ во инцидент на југот на Франција.

Минатата сезона Бен Једер постигна 16 гола и даде три асистенции во француското првенство, помагајќи му на Монако да заврши на второто место на табелата зад Пари Сен Жермен.

За време на пет сезони во Монако, францускиот репрезентативец постигна 118 гола на 201 натпревар во сите натпреварувања, со што стана вториот најдобар стрелец на клубот на сите времиња зад аргентинскиот напаѓач Дели Онис (223).

Бен Једер има 19 настапи за француската репрезентација, а последниот го одигра во јуни 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…