Дома Фудбал Италија Белоти за ножичките против Милан: Го направив само тоа што можев

Белоти за ножичките против Милан: Го направив само тоа што можев

Toрино предводен од Андреа Белоти успеа да направи пресврт против Милан и на крајот да слави со резултат 2:1.

Криштоф Пјонтек го доведе Милан во водство во првото полувреме со удар од белата точка, за Белоти во второто полувреме со два гола (72-ра и 77-ма) донесе победа на Торино. Посебно италијанскиот напаѓач воодушеви при постигнувањето на вториот гол.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Во првото полувреме не бевме премногу добри. Му дозволивме на Милан да има контрола над натпреварот и тие не натераа да трчаме по топката. На полувремето се погледнавме едни со други и нешто се промени. Од нас излезе бес и одлучност, бидејќи после два врзани порази не сакавме трет. Тоа би било фрустрирачки. Им благодарам на навивачите кои беа покрај нас и ни дадоа сила да направиме пресврт“.

„Првиот гол – беше тоа одлична топка на Ринкон, се најдов во добра позиција и успеав да пронајдам празен простор за шут. Тоа ни даде самодоверба дополнително да го забрзаме темпото…Вториот гол беше инстиктивен, топката ме погоди во левото стапало, отскокна и го направив само она што можев“, објасни Белоти“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дејвид Мојс ќе води нов клуб во Премиер лигата?

Кристал Палас не ја започна сезоната во Премиер лигата како што oчекуваше, а тоа многу брз…