Англија славеше со 2-1 по продолженија против Словачка и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингeм беше херој на Англичаните откако погоди во 94. минута за 1-1, а потоа Хари Кејн стрелаше за целосен пресврт.
„Кога до крајот на мечот има уште 30 секунди и се чувствувате како да сте извршиле предавство, а потоа еден удар ќе промени сè. Тоа е чувство кое не го сакам, но е фантастично. Не би сакал да се повтори. Да се игра за Англија е голем притисок“, кажа Белингeм.