Дома Фудбал Белингем е првиот англиски играч кој јавно проговори за иднината на Саутгејт

Белингем е првиот англиски играч кој јавно проговори за иднината на Саутгејт

Иако Герет Саутгејт ја одведе Англија до две еврофиналиња по ред, не се мал бројот на жестоки критичари кои го бркаат од клупата на Англија.

Веднаш по поразот од Шпанија, Саутгејт беше запрашан од новинарите на ИТВ дали ќе поднесе оставка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


“Мислам дека сега не е вистинското време да ја донесам таа одлука. Морам да разговарам со вистинските луѓе. Се уште не би зборувал за тоа”, изјави Саутгејт. Малкумина од играчите сакаа да зборуваат за иднината на својот тренер, особено јавно. Само Џуд Белингем одлучи да го стори тоа.

„Се зависи од Федерацијата и што ќе одлучи селекторот. Немам ништо друго освен огромна почит кон Герет. Тој ми овозможи да дебитирам за Англија, поради него сега сум тука и поради него се чувствувам како дома во репрезентацијата“, изјави играчот од средниот ред на Реал и продолжи:

„Во последната година нашиот однос достигна ниво многу повисоко од фудбалот. Чувствувам дека можам целосно да му се отворам и мислам дека тоа најдобро кажува каков човек е тој. Што и да се случи со Герет, секогаш ќе го почитувам. Ако остане, тогаш ќе бидам уште порешителен да освојам нешто за него бидејќи тој тоа го заслужува. Понекогаш бројките не лажат и тој е нашиот најуспешен тренер од 1966 година. Што и да одлучи, секогаш ќе ја има мојата почит и мојата љубов“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…