Дома Фудбал Белгискиот фудбалер Амаду Онана се пресели од Евертон во Астон Вила

Белгискиот фудбалер Амаду Онана се пресели од Евертон во Астон Вила

Белгискиот фудбалер Амаду Онана направи голем трансфер, откако за огромна сума се пресели од Евертон во Астон Вила, што го потврди и тимот од Бирмингем кој има огромни амбиции за следната сезона во најсилното натпреварување во Англија.

Имено, Астон Вила за трансферот на овој фудбалер плати 50 милиони фунти, што е околу 59 милиони евра, додека Евертон може да добие и одредени бонуси преку овој трансфер.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Онана потпиша договор со челниците на Астон Вила до јуни 2029 година.

Новиот играч за врска на клубот од Бирмингем во претходните две сезони одигра 72 натпревари за Евертон и постигна четири гола. Пред Евертон играше за Лил и Хамбургер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фонсека им даде интересно ветување на новинарите🎥

Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампио…