Германскиот тенисер, Александар Зверев најави можност да соработува со својот сонародник Борис Бекер.
Бекер е сонародник на Зверев, но и голема тениска легенда кој пред неколку години соработуваше и со Новак Ѓоковиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Шанса секогаш постои. Ако размислувате да доведете некој како Борис тоа значи дека сакате да победувате на големи турнири. Секако, дека тренерот е важен дел и мора да биде присутен на големите турнири“, изјави Зверев.
Неодамна Бекер објави крај на соработката со Холгер Руне со кого соработуваше само неколку месеци.