Играта на кошаркарски терен со помал капацитет на играчи исполнувајќи ги манирите на ’’маалска игра’’ е една од новитете кој го претставува баскетот во поинакво руво.
Во светот многу пораширен е поимот за 3х3 баскет, но во Македонија се’ уште ова е инкигнито.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повеќе за баскетот 3×3 ќе ни каже најдобриот поединец во Македонија, Ервин Цого :
’’ Првиот 3х3 турнир во Македонија е одржан 2017 година во Градски Парк. Од 2017 година па се до денес, благодарение на Драган Караџовски и на КФМ, 3х3 во Македонија оди во нагорна линија.Што се однесува до Мак-првенството секој турнир има се повеќе заинтересирани екипи. Доаѓаат и од други градови, искрено вилдив е напредокот како на екипите, така и инвидуално на секој играч. Почнува поинтересно и играта ја разбираат повеќе момците’’.
За форматот на игра и настапите на Македонската селекција, кошаркарот прокоментира :
’Во 2019 година за прв пат бевме како репрензатација на Македонија. Игравме квалификации за Куп на Европа во Рига. Како за прв пат, искрено не беше лошо. Загубивме од поискусни ( Полска и Швајцарија), но успеавме да ја добиеме Грција и да завршиме на осмото место.3х3 се одржува на Светско и Европско Првенство, а од 2020 година требаше и на Олимпијада но поради пандемијата, но се надевам дека ќе гледаме 3х3 на ОИ во Токио’’.
На инвудуален план Цого бележи феномелани успеси, а во истите има завидливи остварувања :
Јас сум најдобро рангиран Македонец три години во низа според ФИБА . Веќе две години настапувам во Србија, за тоа можам да кажам дека е најквалитетното првнество бидејќи 7 тима од Србија се во топ 30 екипи во светот.Се започна со македонската екипа 3х3, Кантина, каде што се пробив со баскетот во Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора. Потоа почнав да играм за сериозни екипи од Србија каде што постојано во финале, така бевме вицешампиони на регуларниот дел од првенството на Србија и најголемиот турнир одржан од светкиот бренд ’’Најк’’. Бевме и освојувачи на овој турнир.Од минатата сезона се подготувам со екипата на Лозана, која е 13 во светот. Требаше да заминам со нив на 3 World Tour мастерси, но поради пандемијата не можев да отпатувам’’.
Најдобрите својата врвна форма ја стекнуваат во друштво со великаните на спортот. Цого пред извесен период ја имаше можноста да соработува со најдобриот поединец во 3х3 баксетот :
“Сето тоа што го вложував во себе, пред една недела можев да го покажам пред најдобриот 3х3 играч на светот, Душан Домовиќ – Булут. Тоа беше огромно искуство за мене, голема самодоверба во играта и многу поразлично темо од она што сум го играл до сега. Имам само пријатни зборови. Моментално се играат домашните турнири под организација на КФМ, а на двата турнири сме победници. Верувам дека така ќе биде и на останатите турнири’’.
“Штета што овој спорт не го добива медиумското вимание, па истиот биде репродуциран пред поголемиот дел од фанатиците на атрактивните забивања и брзата игра.