Дома Трансфер зона Барселона спреми понуда за ѕвездата на Наполи

Барселона спреми понуда за ѕвездата на Наполи

Барселона спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Барселона во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, бидејќи иднината на Пике е неизвесна, а Ленгле заминува.

Кулибали е на врвот на листата желби на Чави, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.

Тој влегува во последната година од договорот, а ја одби понудата на Наполи за продолжување на соработката.

Наполи ќе мора да го продава ова лето, неговата цена е 30 милиони евра, а Барселона е спремна да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…