Раководството на Барселона реши да излезе со официјално соопштение во однос на евентуалниот трансфер на Адриен Рабио од Пари Сент Жермен.
Каталонците потенциираа дека воопшто не прекршиле никакви правила и дека не постои договор во овој момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалскиот клуб Барселона сака да ги искоментира вестите кои беа публикувани во Франција, а кои се однесуваат на трансферот на Рабио. Сакаме да потенцираме дека не сме прекршиле никакви правила, единствените контакти со фудбалерот се направени во август и пред една недела. И во двата случаи беше известени спортското раководство на ПСЖ, за да го потврдиме нашиот интерес кон Андриен Рабио“, стои во соопштението.
Договорот на Рабио со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, па тој е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а медиумите тврдат дека веќе се договорил со Барселона.
[❗ ÚLTIMA HORA]
Comunicado del FC Barcelona sobre el PSG y Rabiot
? https://t.co/zTY4LARd54— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) December 30, 2018
https://youtu.be/VbhFM7YXbho