Дома Топ вести Барселона се плаши дека може да биде исфрлена од Лигата на шампиони

Барселона се плаши дека може да биде исфрлена од Лигата на шампиони

Три недели после откривањето на „случајот Негреира“ министерството за правда официјално покрена обвинение против Барселона за „поткуп и корупција“.

Случајот фрли црна дамка на шпаскиот фудбал, бидејќи беше откриено дека Барселона префрлила 7 милиони евра на фирма на претседателот на Судиската комисија, Негреира.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Претседсателот на Ла Лига, Хавиер Тебас се огласи и истакна дека Барселона може да се соочи со сериозни спортски санкции.

Меѓутоа, на „Камп Ноу“ најмногу се плашат од евентуална реакција на УЕФА. Бидејќи ако се докаже дека Барса вршела поткуп и корупција кон судиите, во тој случај според членот 4.2 од законот ќе биде исфрлена од европските натпреварувања.

Притоа, Барселона и челниците на УЕФА се во „затегнати“ односи, поради фактот што каталонскиот клуб се уште го поддржува формирањето на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Трансферот на Арнолд во Реал сепак нема да биде бесплатен. Ливерпул бара специјална оштета.

ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД минатата недела официјално објави дека на крајот на сезоната го на…