Барселона покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, пренесуваат каталонските медиуми.
Барселона се обиде да го ангажира Стерлинг и во летниот преоден рок, но немаше финансиски услови да го комплетира трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стерлинг го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, па и самиот потврди дека размислува да си замине од „Етихад“.
Договорот на Англичанецот со „граѓаните“ истекува во 2023 година, а Сити поставил цела од 80 милиони евра за неговата слобода.
Токму тоа може и да биде проблем за реализација за трансферот, бидејќи Барселона во моментов не може да си дозволи толкава трансферна сума.
Не е исклучено како дел од трансферот Каталонците да го понудат Осман Дембеле, кој одбива да го продолжи договорот.