Дома Фудбал Барселона потврди: Кутињо мора да оди на операција

Барселона потврди: Кутињо мора да оди на операција

Екипата на Барселона потврди денес дека бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо ќе мора да оди на операција на коленото.

Несреќниот офанзивец на каталонскиот гигант се повреди во натпреварот против Еибар. Кратко Кутињо беше на терен и во еден момент остана да лежи на теренот и беше видливо дека нешто не е во ред.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се направени дополнителни прегледи за да се утврди степенот на повредата. Вестите за Барселона и Кутињо не се добри бидејќи снимката покажа дека постои повреда на латералниот менискус во левото колено.

Поради тоа потребна е операција. Таа ќе биде направена во наредните денови и се очекува Кутињо да паузира барем четири месеци.

Сезонава Бразилецот одигра 14 натпревари за Барса и има учинок од три гола и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…