Фудбалерите на Барселона синоќа во гости ја победија Селта Виго со 3:0 во натпревар од четвртото коло во Ла Лига.
Барса победи на традиционалното незгодно гостување иако поголем дел од натреварот го играа со играч помалку.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците одлично го започнаа натпреварот и дојдоа до водство во 11. минута кога Ансу Фати постигна прекрасен погодок и ја продолжи серијата која ја започна против Виљареал.
Во 42. минута Ленглет доби втор жолт картон, односно црвен. Меѓутоа, многумина сметаат дека беше санкциониран престрого, односно требаше да остане на теренот.
Иако се очекуваше Селта во продолжение да тргне по израмнување или пресврт тоа не се случи. На стартот од вториот дел Барса одлично играше и брзо стигна до голот.
Во 51. минута Меси направи дар-мар во шеснаесетникот, нафрли на петерецот, а топката во својата мрежа ја смести Олаза за 0:2.
Селта во финишот на натпреваот имаше две добри шанси преку Нолито, но до погодок не дојде. Последниот збор го имаа гостите кои во судиското продолжение дојдоа до 0:3, а стрелец беше Серхи Роберто. Барселона, така после шест години конечно успеа да слави во Виго и да освои три бода.