СЕРХИ РОБЕРТО (32) повеќе не е играч на Барселона. Тренерот Ханси Флик потврди дека Серхи заминува по истекот на неговиот договор.
За Каталонците одигра 373 натпревари. Постигна 19 гола и запиша 43 асистенции. За вториот тим на Барселона одигра 106 натпревари, со седум гола и три асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Серхи играше како десен бек, но и како играч од средниот ред, што беше негова природна позиција.
За шпанската репрезентација има 11 настапи и еден гол. Во моментов не е познато во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Според Трансфермаркт, тој вреди 2,5 милиони евра. Барселона е единствениот клуб за кој настапувал во кариерата, а со него освои седум Ла Лига и две Лига на шампиони, заедно со шест Копа дел Реј.