Фудбалерите на Барселона вчера беа поразени од Баерн со 3:0 на својот „Камп Ноу“ и со тоа се простија од учеството во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Барса на едно коло пред крајот на групата ги загуби шансите за пласман во осминафиналето во ЛШ и продолжува во Лигата на Европа.
Тимот на Чави на тој начин вторпат по ред нема да биде дел од нокаут фазата во Лигата на шампионите, минатата сезона „блауграна“ исто така заврши на третото место во групата, а понатаму тогаш продолжија Бенфика и Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно, е што минатата сезона беше првпат уште од сезоната 1997/19998 и 1998/1999 Барселона натпреварувањето во Европа да го заврши уште во групната фаза.
Неуспехот на Барса се совпаѓа со заминувањето на најдобриот играч во историјата на клубот, Лионел Меси, кој го напушти „Камп Ноу“ во летото 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен.
Меси помина 17 години во првиот тим на Барселона и во тие 17 години Барселона секогаш ја поминуваше групата.