Барселона најави тужба против Рома поради откажување на договорениот пријателски натпревар во склоп на т.н „Гампер Куп“ на 6. август.
Рома неочекувано без причина реши да се повлече од овој натпревар. Единственото образложение до Барселона било „потреба за менување на планот за летните пријателски натпревари со цел да веле со максимална подготвеност во сезоната“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ваквата ситуација предизвика бес кај Каталонците.
„Рома самостојно и без причина одлучи да се повлече од договорениот натпревар за трофејот „Жоан Гампер“ на 6. август. Клубот сега работи на пронаоѓање на нови противници. Нашиот адвокатски тим ја разгледува и можноста за барање на оштета на Барселона и навивачите поради ваквиот несериозен потег“, објавија од Барселона.
Засега причината поради која Мурињо и неговиот тим решиле да не играат против Барселона не е позната.