Дома Топ вести Барселона конечно се ослободи од скапото промашување

Барселона конечно се ослободи од скапото промашување

Барселона во самиот финиш на преодниот рок успеа да се ослободи од Витор Роке кој заминува на позајмица во Бетис.

Бразилскиот напаѓач пристигна на почетокот на годината како големо засилување во Барселона, но набрзо се покажа дека платените 40 милиони евра за него се грешка.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роке не се вклопи баш најдобро во играта на Барселона и не ги искористи шансите кои ги имаше за да докаже дека заслужува место во стартниот тим.

Барселона веќе неколку месеци се обидува да се ослободи од Роке за да ослободи место во првиот тим и конечно успеа во тоа.

Каталонскиот клуб потврди дека постигнале договор со Бетис каде Роке ќе игра до крајот на сезоната на позајмица.

Барселона и Бетис постигнаа договор Роке да дојде на едногодишна позајмица, но Бетис следното лето ќе може да ја продолжи позајмицата на уште една година, па дури и да го откупи договорот на Бразилецот доколку ги оправда очекувањата. Неговата плата во текот на позајмицата ќе ја преземе Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…