Барселона сака да ја засили последната линија на тимот, особено поради фактот што на крајот на сезоната ќе се раздели со двајцата дефанзивци – Томас Вермален и Хавиер Маскерано.
Токму поради тоа раководството на Каталонците има намета да донесе еден врвен дефанзивец следното лето, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека на списокот се наоѓаат тројца фудбалери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Станува збор за Милан Скриниар од Интер, Кулибали од Наполи и Упамекано од Лајпциг.
Скриниар е словачки репрезентативец кој ова лето за 23 милиони евра пристигна во Интер од Сампдорија. Тој се етаблираше во еден од најдобрите стопери во Серија А, па сигурно „нероаѕурите“ нема лесно да се откажат од својот столб во одбраната.
Кулибали има 26-години и во моментов е поефтина опција бидејќи неговата цена изнесува околу 40 милиони евра. Сепак, Наполи за неговата слобода сигурно ќе бара околу 60 милиони евра, па на Барса воопшто нема да и биде лесно.
Умапекано има само 19-години, но пружа одлични партии оваа сезона за Лајпциг и е на мета на многу европски гиганти.
Останува да видиме за кој од овие тројца дефанзивци ќе се одлучи раководството на Барселона, но јасно е дека ќе мора добро да го одврзе кесето.