Десет дена пред почетокот на возвратните дуели од одминафиналето во Лигата на шампиони, УЕФА објави нова студија со анализа и можностите за пласман во четвртфиналето.
Па така во студијата Барселона доби 0% шанси за пласман во четвртфинале, после првиот натпревар со ПСЖ кој заврши 4:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инетресно, пред еден месец ваква слична студија на УЕФА прогнозираше дека Барселона има најголеми шанси да се најде во финалето од ЛШ и да го освои трофејот. Меѓутоа после дебаклот во Париз сега шансите за четвртфинале се нула.
Од 58 резултати на првиот натпревар кој завршил со 4:0 во возвратните дуели не се случило ништо не очекувано. Доколку Барселона го направи тоа на 8-ми март ќе биде прва во историјата.
Според таа студија Реал Мадрид има 98% шанси за пласман во четвртфинале, Јувентус 99,3%, додека Атлетико Мадрид 96,6%.