Дома Фудбал Останато Барселона го отпуштила Бразилецот преку емаил и го разочарала: Можеа барем да ме викнат на разговор

Барселона го отпуштила Бразилецот преку емаил и го разочарала: Можеа барем да ме викнат на разговор

Eкипата на Барселона неодамна го раскина договорот со 23 годишниот бразилски фудбалер Матеус Фернандес.

Иако имаше договор до летото 2025 годин, Барселона го раскина договорот со овој фудбалер, а Бразилецот бил известен преку емаил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не знаев за отказот и кога добив раскин на договорот не можев да верувам. Без разговор, без ништо. Дури не ме повикаа да се поздрават. Бев дома со сопругата и од клубот ме прашаа дали го ја користам истата емаил адреса. Им потврдив, а потоа ми испратија раскнување на договорот. Не сфатив веднаш што се случува, го испратив документот на мојот менаџер и адвокат и ми кажаа дека тоа е тоа, раскинување на договорот“.

Фернандес бил разочаран од односот на клубот за кој навивал од мали нозе.

„Немаше да биде ништо ако ме повикаа на разговор. Многу непрофесионално и лошо од нивна страна. Препуштив се на својот адвокат. Сонував да го облечам дресот на Барселона и кога дојдов тука не се однесуваа кон мене како кон професионалец. Сите други играчи беа претставен, јас не. Тоа ми пречеше“, изјави Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…