Дома Трансфер зона Барселона веќе ја најде замената за Пике

Барселона веќе ја најде замената за Пике

Барселона сака да се ослободи од Жерард Пике и веќе започна да ја бара неговата замена.

35-годишниот Пике повеќе не е во стартниот тим, а е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Барселона сака да се ослободи од него.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека ова ќе биде последна сезона за Пике во клубот, иако има договор со Барса до летото 2024 година.

„Мундо депортиво“ откри дека во неговиот договор има интересна клаузула. Во него пишува дека доколку Пике се појави на помалку од 35% од натпреварите оваа сезона, Барселона има опција да ја прекине соработката.

Медиумите тврдат дека негова замена ќе биде дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез.

Мартинез влезе во последната година од договорот со Билбао и од јануари ќе може слободно да преговара со Барса и да пристигне на лето без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…