Дома Трансфер зона Барса ќе се засилува – Ова се двете мети за јануари!

Барса ќе се засилува – Ова се двете мети за јануари!

Aнтонио Валверде сака засилувања во јануарскиот преоден рок, неколку фудбалери се наоѓаат на неговиот радар.

Фудбалерите на Барселона одлично ја започнаа сезоната, но сакаат и дополнително да се засилат.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Неколку фудбалери се на радарот на скаут службата на Каталонците, а еден од нив е и бекот на Коринтијас, Гиљермо Арана.

Овој фудбалер беше на мета и на Атлетико Мадрид и Севиља, а сега и екипата на Барселона се вклучи во трката.

Се работи за фудбалер кој игра на левата бековска позиција и има само 20 години.

Како што пренесуваат медиумите во Бразил, Коринтијас би го пуштил младиот фудбалер за сума помеѓу од 12 и 15 милиони евра.

Покрај овој фудбалер на листата на Валверде се најде и Клемен Ленглент (22) кој настапува за Севиља каде што пристигна од Франција.

Наводно, Барселона во замена за фудбалерот кој пристигна од Нанси го нуди Алеш Видал кој не се снајде во Каталонија. Иначе, Ленглет има откупна клазула во износ од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…